Согласно „Годишниот план за континуирано професионално усовршување во 2019 година“ во Клубот на пратениците во Скопје беше одржана дводневна обука на која присуствуваа 32-ца вработени во Државниот завод за ревизија.
На INCOSAI во Москва, делегација на ДЗР, предводена од заменик главниот ревизор Насер Адеми, оствари средба со делегација на Американска владина канцеларија за одговорност (U.S. GAO).
Во периодот од 23 до 28 септември главниот град на Руската федерација, Москва е домаќин на 23-от по ред Меѓународен конгрес на Врховните ревизорски институции (INCOSAI).
На 14 декември 2017 година официјално Државниот завод за ревизија започна со реализација на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“, кој е финансиран од ИПА 2013 фондовите на Европската унија.