Односи со јавност
Решенија за четири нови помлади ревизори
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски им ги врачи новите решенија на четири вработени во Државниот завод за ревизија кои од 01.01.2020 година се стекнаа со статусот помлад ревизор. Во новата година Албана Алију, Исмаил Металари, Метин Буши и Самире Бислими ќе го засилат актуелниот ревизорски кадар на Државниот завод за ревизија и ќе почнат со ревизорска работа на терен.
Донација на информатичка опрема од ДЗР за општина Македонски Брод
Постапувајќи во согласност со Одлуката донесена од Владата на Република Северна Македонија за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на општина Македонски Брод донесена на 8.10.2019 година, под број 45-3508/1, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, застапувајќи го Државниот завод за ревизија и градоначалникот г. Живко Силјаноски, на општина Македонски Брод, на ден 25.12.2019 година, потпишаа Договор за давање на трајно користење на движни ствари
Одржан првиот колегиум на ДЗР во засилен состав
Првиот колегиум на новиот ГДР, м-р Максим Ацевски беше одржан со засилен кадровски состав и на него беше утврден предлогот за Годишната програма за работа на ДЗР во 2020 година, беше дискутирано околу степенот на реализација на актуелната годишна програма за 2019 година и измените и дополнувањата по истата, а на дневен ред беше и предлог-буџетот на ДЗР
Прв состанок на Главниот државен ревизор со вработените
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски го одржа првиот состанок со сите вработени при што, како личност која доаѓа од редот на вработените, се заблагодари на досегашната соработка, подаде рака за понатамошна соработка на сите вработени и побара поддршка во стратегијата за трасирање на патот на ДЗР во наредните години, без да се занимаваме со историјата и со тоа што поминало и кое останува зад нас.