ЈУБИЛЕЈ – 20 ГОДИНИ ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА
Државниот завод за ревизија го обележа својот јубилеј - 20 години од неговото работење - – настан кој се одржа во два дела , првиот работен дел и вториот свечен прием и коктел. На јубилејот беа поканети и се одзваа многумина челници на ВРИ од регионот и пошироко, гости од институциите од Република Северна Македонија со кои ДЗР соработува, поранешните Главни државни ревизори и заменици главни државни ревизори. На поканата се одзваа и сите поранешни вработени, сега веќе пензионери и сите актуелни вработени во ДЗР.