Односи со јавност

 

 

Максим Ацевски едногласно избран за нов главен државен ревизор

19.12.2019 - 15:24
Со 81 глас „за“ пратениците во македонскиот парламент го избраа м-р Максим Ацевски за нов Главен државен ревизор што беше поздравено со аплауз во собраниската сала, а потоа Ацевски даде свечена заклетва пред пратениците.

Инфо–линкови од одржаната прес-конференција на вработените на ДЗР

28.11.2019 - 15:32
Вработените во Државниот завод за ревизија одржаа прес-конференција (28.11.2019 година) на која конструктивно и аргументирано ја претставија состојбата во која се наоѓа ДЗР како Врховната ревизорска институција и упатија јасни пораки за решавање на ситуацијата, а сето тоа беше максимално професионално покриено од медиумите за кое вработените изразуваат искрена благодарност.

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ

26.11.2019 - 15:24
Државниот завод за ревизија (ДЗР) организира прес-конференција која ќе се одржи на ден 28.11.2019 година (четврток), со почеток во 12,00 часот во просториите на ДЗР. Прес-конференцијата се свикува по повод заглавениот избор на Главен државен ревизор, ситуација со која ДЗР, како Врховна ревизорска институција, е соочена со блокада при извршувањето на законски дадениот мандат – вршење контрола на трошењето на јавните буџетски средства.

Писмо од вработените

25.10.2019 - 16:55
Вработените во Државниот завод за ревизија Ви се обраќаат со цел да информираат за неповолната состојба во која се наоѓа институцијата и да иницираат поддршка за побрзо решавање на проблемот со кој се соочува веќе подолг период.

Значењето и фокусот на дигиталната ревизија

08.10.2019 - 10:00
Под покровителство и во организација на СИГМА, Државниот завод за ревизија беше домаќин на работилницата на која учествуваа претставници на Врховните ревизорски институции на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија.