На оваа страна можете да ги најдете сите документи, извештаи, известувања и информации кои Државниот завод за ревизија ќе ги објави а кои ќе произлезат од преземените дејствија согласно надлежностите на Државниот завод за ревизија пропишани со Изборниот законик, вклучително и законски и подзаконски акти кои се однесуваат на изборниот процес и известувањата по истиот, почнувајќи од денот на распишување на избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје, до денот на завршување на истите вклучително и информации поврзани со пост-изборниот процес кои се однесуваат на државната ревизија.
Локални избори 2022
- Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на Совет на Општина Тетово за остатокот на изборниот период
- Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа (20.08.2022 година)
- Роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и Општина Центар Жупа
Локални избори 2021
Согласно законската рамка и роковите утврдени во Изборниот законик, односно согласно Решението за распишување на Избори за членови на Советите на општините и Советот на Градот Скопје, за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје донесено од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со број 09-3732/1 од 06.08.2021 година („Службен весник на РСМ“ број 185/2021) локалните избори ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.
- Решение за распишување локални избори 2021
- Локални избори 2021 - Законски акти
- Извештаи на учесниците во изборната кампања