Слободен пристап до информации од јавен карактер

Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер овозможува пристап до информации од јавен карактер што ги создало или со кои располага Државниот завод за ревизија.

Барателот пристапот до информацијата може да го бара усно, писмено или во електронски запис, при што барањето поднесено во електронска форма се смета за писмено поднесено барање.

Писменото Барање може да се поднесе до Државниот завод за ревизија непосредно во архивата; преку пошта на адреса „Павел Шатев“ број 2, Палата Емануел Чучков, 1000 Скопје, како и да се поднесе во електронска форма преку е-маил: mijalce.durgutov@dzr.gov.mk и biljana.blazevska@dzr.gov.mk

Барањето за пристап до информација од јавен карактер може да се поднесе на утврдениот Образец на Барање или на обичен лист хартија, но на истото барателот е должен да наведе дека станува збор за Барање по основ на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Барателот не е должен да го образложи барањето.

Во случај кога барањето е поднесено од страна на овластен полномошник, кон барањето треба да биде приложено уредно полномошно.

Кога барателот бара пристап до информација со усно барање, службеното лице составува записник за тоа.

Подносителот на барањето може да се информира за сите прашања од интерес поврзани со остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, кај службените лица: Мијалче Дургутов, контакт телефон  +(389) 02 32 33 503, 32 33 504, (локал 227), мобилен: +(389) 070 358 486, e-mail: mijalce.durgutov@dzr.gov.mk и кај Билјана Блажевска Милевска, контакт телефон: +(389) 02 32 33 503, 32 33 504, мобилен: +(389) 075 444 089, e-mail: biljana.blazevska@dzr.gov.mk

Листа на информации од јавен карактер со врски