Слика
За време на 23-от конгрес на INCOSAI, кој се одржа во Москва, Русија (23-28 септември), делегација на Државниот завод за ревизија предводена од заменик главниот ревизор Насер Адеми на 26 септември оствари средба на највисоко ниво со делегацијата на Канцеларијата на државниот ревизор и омбудсман на Израел.
По преставување на двете делегации, државниот ревизор и омбудсман на Израел, Матанјаху Енглман иницираше на соработка со Државниот завод за работа заради унапредување на капацитетите за ревизија. Заменик главниот државен ревизор Насер Адеми се заблагодари на иницијативата и изрази подготвеност за понатамошна соработка која ќе биде детализирана во наредниот период.