Донација на информатичка опрема од ДЗР за општина Македонски Брод

30.12.2019 - 15:36
Слика
Донација на информатичка опрема од ДЗР за општина Македонски Брод

Постапувајќи во согласност со Одлуката донесена од Владата на Република Северна Македонија за престанок и давање на трајно користење на движни ствари на општина Македонски Брод донесена на 8.10.2019 година, под број 45-3508/1, Главниот државен ревизор  м-р Максим Ацевски, застапувајќи го Државниот завод за ревизија и градоначалникот г. Живко Силјаноски, на општина Македонски Брод, на ден 25.12.2019 година, потпишаа Договор за давање на трајно користење на движни ствари и тоа:

 


 

Назив на

движна ствар

Тип (модел)

Количина

(парче)

1.

Преносен компјутер

Lenovo SL500

3

2.

Персонален компјутер

DELL Optiplex GX360

5

3.

Монитор

DELL E170S

5

4.

Принтер

Xerox 3435

1

 

 

Со овој договор, а на обострано задоволство, општината Македонски Брод се стекна со право на трајно користење на погоре наведената опрема.
Во иднина, како пракса на Државниот завод за ревизија, ќе биде давање на трајно располагање на ствари на субјекти од јавниот сектор или здруженија на граѓани и фондации кои ќе изразат потреба од истата, а со што ќе се обезбеди нивно економично и соодветно користење.