![Крводарителска акција во ДЗР](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2022-12/1_naslovna_.jpg?itok=9TE_JOEj)
Под мотото “Во светот полн со 0 позитивни, да бидеме нечиј АБ негатив – ретки и неопходни“ Државниот завод за ревизија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на РСМ организираa доброволна крводарителска акција.
По повод 25 годишнината од донесениот прв Закон за државна ревизија (1997 година) и 23 години од напорно и успешно работење на ДЗР (1999 година) докажувајќи ја неговата улога како кредибилна, независна институција со висок интегритет за надзор на јавните средства и заштита на интересите на граѓаните, денес на 20 декември 2022 година, по втор традиционален пат се организираше крводарителска акција.
Околу 30-тина вработени на Државниот завод за ревизија несебично ја покажаа нивната хуманост на дело со дарување крв, се со цел подигање на свеста за доброволното дарување крв, а со тоа спасување на животи и градење на солидарноста во нашето општество.
Крводарителството е најважната социјална услуга за човештвото и исклучиво доброволна акција, која некому значи живот. Со само една дарувана кеса крв, може да се спасат 3 до 4 човечки животи.
Со оваа иницијатива, која и во иднина ќе ја организираме, Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во РСМ, сака да даде придонес за здравствениот систем како општествено одговорна институција.
Дарувај крв, спаси живот!
https://play.mrt.com.mk/play/58299