Слика
![Државниот завод за ревизија и Институтот за демократија потпишаа Меморандум за соработка](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2022-09/naslovna_DSC_0595.jpg?itok=895uq720)
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, г. Марко Трошановски, потпишаа Меморандум за соработка, со цел поттикнување и афирмација на активностите за јакнење на меѓусебната соработка.
Со Меморандумот се предвидува да се интензивира соработката во повеќе области од заеднички интерес, особено во насока на стратешкото планирање и реализирање на комуникациски активности и процеси. Меѓу другото, се предвидува и остварување на заедничка соработка за спроведувања на истражувања, учество на дебати, обуки и едукација во области од заемен интерес.
Линк до потпишаниот Меморандум: