
Претставници на врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Србија го одржаа третиот работен состанок во Охрид, во контекст на реализирање на заедничката активност и спроведувањето на паралелната ревизија на тема „Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“.
Работната средба беше отворена од страна на Главниот државен ревизор Максим Ацевски и Претседателот на советот на Државната ревизорска институција на Република Србија Душко Пејовиќ.
Главниот државен ревизор го истакна задоволството од соработката помеѓу двете ревизорски институции и постигнатите резултатите во спроведувањето на кооперативната ревизијата. Ревизорските тимови ги споделија своите искуства и резултати од спроведувањето на ревизијата, како и утврдените состојби од фазата на извршување на ревизијата.
Во рамки на заедничката активност, главните државни ревизори остварија посета на Почесниот конзул на Република Србија Михајло Филев и дискутираа за заедничките активности во насока на продолжување на билатералните, пријателски и добрососедски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија.