Државниот завод за ревизија им укажува на сите учесници во изборната кампања за избори за членови на Совет на Општина Тетово за остатокот на изборниот период, дека се должни еден ден по завршување на изборната кампања (за прв круг – 19 август) да достави Извештај со образец за примените донации на трансакциската сметка од член 71, став (1) од Изборниот законик за финансирање на изборната кампања (член 84-б став (3)).
За таа цел, Државниот завод за ревизија на 20 август ќе обезбеди редовно работење на Архивата за прием на извештаите заклучно со 24:00 часот, а истовремено ќе овозможи и електронски прием на истите на службената адреса на ДЗР dzr@dzr.gov.mk.
Укажуваме дека Извештајот со образец за примените донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања учесникот во изборната кампања е должен да го изготви на образец пропишан од министерот за финансии, односно согласно Правилникот за образецот за извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања и извештај за примени донации на трансакциска сметка за финансирање на изборна кампања („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 80/2021 и 218/2021). Составен дел на овој правилник е Упатството за начинот на пополнување на образецот на извештајот.
Политичките субјекти се должни овие извештаи да ги објават на своите веб страници.
За Ваше информирање, наведениот правилник е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти на следниот линк:
https://dzr.mk/sites/default/files/2021-09/Pravilnik_za_%20izmenuvanje_%20na_Prav_izveshtaj_IK.pdf
Во исто време, за Ваше информирање, сите извештаи со рокови за нивно поднесување се наведени во глава VII. Финансиски извештаи, во Роковникот за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на Совет на Општина Тетово за остатокот на изборниот период, кој е објавен и на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, на следниот линк:
Напоменуваме дека, согласно одредбите од член 189 став 4 од наведениот закон пропишана е Глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик.