Државниот завод за ревизија, денес во просториите на ДЗР организираше настан – работилница за новинари, активност во рамки на проектот „Имплементација на комуникациската стратегија на ДЗР (2020-2023 година)“ кој Државниот завод за ревизија го спроведува со Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата (WFD).
На одржаниот настан, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски пред претставниците на медиумите од националните телевизии и интернет порталите, ги презентираше клучните утврдени состојби во Годишниот извештај за работата на ДЗР за 2021 година, објавен неодамна и на Web страницата на Државниот завод за ревизија.
Покрај клучните утврдени состојби презентирани од г. Ацевски, претставниците на медиумите се запознаа и со видовите на ревизија, структурата на ревизорските извештаи, како и за комуникациските процеси на ДЗР во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, презентирани од помошникот на главниот државен ревизор Росица Шалевиќ Христовска и Мартин Дувњак од Одделението за односи со јавност и презентирање на резултатите на државната ревизија.
Линк до Годишниот извештај за работата на ДЗР за 2021 година:
https://dzr.mk/sites/default/files/2022-06/2021-godisen-izvestaj-dzr-mk.pdf