Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата

21.06.2022 - 09:00
Слика
Билатерална средба Ниш

Во рамки на соработката помеѓу Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Србија во тек е спроведување на паралелна ревизија на тема Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“  која е актуелна и особено значајна во целиот регион и пошироко.

На 16 јуни во Ниш, Република Србија се одржа првиот работен состанок на членовите на ревизорските екипи од двете институции, на кој се разменија информации за спроведените активности во фазата на планирање на ревизијата. Ревизорите разговараа за нормативната уреденост и состојбите во управувањето со рамномерниот регионален развој во двете земји, пред се во делот на:

  • планирање на политиките и утврдување на приоритетните цели,
  • изворите и начинот на финансирање,
  • административниот и техничкиот капацитет на надлежните институции,
  • системот за координација во планирањето, спроведувањето, мониторингот и евалуацијата на политиката за рамномерен регионален развој,
  • транспарентноста и отчетноста во процесот на управување и
  • влијанието на активностите врз демографските состојби во двете земји.

Учесниците на работниот состанок разговараа и ги дефинираа идните активности за спроведување на паралелната ревизија.