Билатерална посета на ВРИ Германија

14.06.2022 - 10:00
Слика
Билатерална посета на ВРИ Германија

Делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, од 7-9 јуни оствари билатерална посета во Бон, Германија, во Врховната ревизорска институција на Германија.

На работните средби, претставниците на двете Врховни ревизорски институции дискутираа и разменуваа искуствени практики на повеќе теми и области во контекст на мандатот, улогата и опсегот на активности на Врховните ревизорски институции, како и на дигитализација на ревизорските процеси преку користење на нови и современи технологии.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, остварија средба со Претседателот на ВРИ Германија, Кеј Шелер на која дискутираа за идната заедничка соработка на двете ревизорски институции и  разменување на добри практики во работењето преку дефинирање на краткорочни и долгорочни активности.

Како клучна краткорочна активност помеѓу двете ревизорски институции беше дефинирана меѓусебната комуникација помеѓу Врховните ревизорски институции и Парламентот и разгледувањето на конечните ревизорски извештаи, а пак како долгорочна активност е планирано размена на знаења и вештини на државните ревизори во делот на ревизија на процесот на буџетирањето и известувањето.