Во рамките на соработката што ја има Секретаријатот за европски прашања на Република Северна Македонија со Британскиот совет, делегација на државни службеници од Република Босна и Херцеговина, кои се дел од проектот “Млади професионалци“ финансиран од Европската унија, на 1 април 2022, остварија службена посета на Државниот завод за ревизија.
Целта на посетата беше размена и споделување на искуства на ДЗР на тема: „Конфликт на интереси и дискриминаторски третман како дел од проблемот во интегритетот на јавните набавки“.
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и неговите соработници, дискутираа и споделуваа искуства и знаења со делегацијата на Босна и Херцеговина за работењето и предизвиците со кои се соочуваат вработените на Државниот завод за ревизија при вршење на ревизија, видовите на државна ревизија, откриените неправилности и слабости при планирање, спроведување и реализација на јавните набавки.
На средбата се дискутираше и за изготвување на документ/студија со препораки за развој на механизам во областа на јавните набавки од страна на државните службеници од Босна и Херцеговина.