Максим Ацевски на работна средба со Никола Минчев

24.03.2022 - 10:00
Слика
Средба со Претседателот на Народното Собрание на Р. Бугарија

На покана на Претседателот на Собранието на Република Бугарија г. Никола Минчев, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и советникот на главниот државен ревизор Лилјана Стојанова, остварија работна средба во законодавниот дом на Република Бугарија.

На работната средба присуствуваа и Претседателот на Националниот завод за ревизија г. Цветан Цветков и Георги Ганев, претседател на Поткомисијата за контрола на јавните средства во Националното Собрание.

Главна тема на одржаната работна средба беше соработката помеѓу Собранието и Врховните ревизорски институции, размена на искуства за начинот на разгледување и дискутирање по конечните ревизорски извештаи во матичните парламентарни комисии со цел поефикасно имплементирање и постапување по ревизорските препораки.

Истовремено, г. Ацевски и г. Цветков ги презентираа досегашните активности во рамки на вториот по ред твининг проект „Подобрување на надворешната ревизија и Парламентарниот надзор“, кој успешно го спроведуваат двете Врховни ревизорски институции.

 

Линк од објава на веб страницата на Народното Собрание: 
https://www.parliament.bg/bg/news/ID/5423