Делегација на ВРИ Норвешка во работна посета во ДЗР

11.03.2022 - 16:00
Слика
Претставниците од Државниот завод за ревизија и Канцеларијата на главниот ревизор на Кралството Норвешка

Досегашната успешна билатерална соработка помеѓу врховните ревизорски институции на Кралството Норвешка и Република Северна Македонија, претставуваше поттик за нова иницијатива на претставниците од ВРИ Норвешка за реализирање на работна посета во  просториите на Државниот завод за ревизија.

Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми имаа можност да дискутираат и да дадат свои предлози за реализирање на идни заеднички активности во повеќе области кои ќе бидат дефинирани во следниот период.

Државниот завод за ревизија и Канцеларијата на главниот ревизор на Кралството Норвешка во минатото успешно го реализираа проектот „Подобрување на ефикасноста и квалитетот на ревизорската работа со употреба на систем за управување со процесот на ревизија (Audit Management System)“. Проектните активности резултираа со надградба на ИТ инфраструктурата на Државниот завод за ревизија што пак придонесе за унапредување во вршењето на државната ревизија.