Слика

Делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, престојува на билатерална посета во Република Србија каде оствари средба со Претседателот на Државната ревизорска институција на Република Србија, Душко Пејовиќ.
Цел на остварената посета е размена на искуства и знаења во областа на ревизија на буџетите на единиците на локалната самоуправа, ревизија на државниот буџет, како и планирање на заеднички активности и идна соработка на двете врховни ревизорски институции.