Размена на искуства и знаења со колегите од ВРИ на Хрватска

25.10.2021 - 00:00
Слика
Работна посета во ВРИ на Хрватска

Претставници од Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија во рамки на активностите од компонента 2 од твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“, во период од 11.10. – 15.10.2021 престојуваа во Загреб, Република Хрватска.

Студиската посета на претставниците на ДЗР беше организирана во насока на размена на искуства и знаења поврзани со методолошките аспекти од извршување на ревизиите. Од колегите на Република Хрватска беше презентиран целокупниот процес од спроведување на ревизија на Годишниот извештај за извршување на Буџетот на Република Хрватска, ревизијата на Единиците за локална самоуправа и Јавни претпријатија, како и начинот и методологијата за спроведување и известување за ревизиите на политичките партии.

Преку дискусија за разликите и сличностите во ревизорските активности, се утврдија областите каде се можни подобрувања, во насока на унапредување на целокупниот процес на ревидирање на буџетот на државата, спроведување и известување за ревизиите на локална самоуправа, јавни претпријатија и ЕУ Проекти, како и утврдување на можни подобрувања на процесот на ревидирање на политичките партии.