![Претседателот на Националниот завод за ревизија им посака добредојде на колегите од Државниот завод за ревизија](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2021-09/NASLOVNA_DSC_1360.JPG.jpg?itok=aa5byg4z)
Во рамки на проектните активности од твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“, делегација од Државниот завод за ревизија предводена од главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, престојуваше на студиска посета во Националниот завод за ревизија - Софија, Република Бугарија.
Претседателот на Националниот завод за ревизија на Република Бугарија, г. Цветан Цветков, на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и на вработените од Државниот завод за ревизија им посака добредојде и успешна работа во размената на искуства со колегите од Националниот завод за ревизија на Република Бугарија.
Студиската посета се реализираше во рамки на компонента 4 – Подобрување на надворешната и внатрешната комуникација и ИТ и ИТ ревизорските капацитети, во која ќе бидат споделени практики во делот на организирањето на системот за управување со ИТ безбедноста, спроведувањето на внатрешната и надворешната комуникација со надворешните засегнати страни, евидентирањето на внатрешните акти, како и вршењето на контрола врз спроведувањето на доделените задачи во институцијата.
Во рамките на студиската посета, претставниците на ДЗР се запознаа со практиките и процедурите во делот на организација на доставата на електронската и хартиената документација во рамките на Националниот завод за ревизија на Република Бугарија, како и кон останатите институции.
За време на студиската посета, главниот државен ревизор оствари средба и со Претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, г-ѓа Ива Митева со која разговараше за актуелни теми и ја запозна со проектните активности кои се реализираат од страна на двете врховни ревизорски институции.
Линкови од медиумски објави:
3. Новини - Народно събрание на Република България (parliament.bg)