![Втор состанок на Управниот комитет на твининг проектот](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2021-07/1_naslovna_DSC_1252.jpg?itok=3pXYQTls)
На ден 09.07.2021 година, во просториите на Државниот завод за ревизија се одржа вториот состанок на Управниот комитет во твининг проектот. На состанокот присуствуваше Паулина Станоева, програмски менаџер и претставник на делегацијата на Европската унија, проектните лидери на трите врховни ревизорски институции Тања Јаневска, Мартина Јуревиќ, Вјара Ангелова, како и лидерите на поединечните твининг компоненти.
На состанокот беше презентиран и дискутиран Вториот квартален извештај за досега реализираните активности, како и за идните планирани активности за периодот јули - декември 2021 година, содржани во 2nd Work Rolling Plan. Од страна на претставникот на ЕУ делегацијата во РСМ беше искажана благодарност за вложениот труд на сите учесници во твининг проектот и за одлично организираната и реализирана активност, јавен настан, за презентирањето и промоцијата на проектот одржана на 08.07.2021 година во просториите на ЕУ.