![Работна средба во Собранието на РСМ](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2021-07/1_NASLOVNA_DZR_Sobranie.jpg?itok=vYeyCfLR)
Во рамките на активностите кои произлегуваат од Твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и Парламентарниот надзор“ на ден 07.07.2021 година, претставници на Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Хрватска, предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор д-р Недељка Рогошиќ, одржаа средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери.
На средбата беше презентиран Меморандумот за разбирање помеѓу Собранието и ДЗР, во кој е нагласена потребата од зајакнување на соработката помеѓу двете институции, особено во делот на разгледување и постапување по доставените ревизорските извештаи, а во функцијата за надзор врз управувањето и начинот на користењето на јавните средства.
Клучните цели на овој меморандум се унапредување на соработката, како и разгледување и носење на заклучоци по доставените ревизорски извештаи на комисиските расправи и седниците на Собранието, со што ќе се унапреди и зајакне заложбата на двете институции во остварувањето на нивната функција за надзор и чувар на јавните средства.