![Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски со амбасадорот на нејзиното височество Рејчел Галовеј](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2021-06/NASLOVNA_DSC_1135.jpg?itok=cjS9WKzU)
Државниот завод за ревизија, Фондацијата за демократија на Вестминстер и Министерството за надворешни работи и развој на британскиот комонвелт ја продолжуваат успешната соработка во спроведувањето на проектот „Поддршка за имплементацијата на Стратегијата за комуникација на Државниот завод за ревизија“.
Проектните активности е предвидено да се имплементираат заклучно со 31 март 2022 година, период во кој имплементацијата на Стратегијата за комуникација на ДЗР (2020 – 2023) ќе биде фокусирана на зајакнување на комуникацијата и соработката на ДЗР со релевантните институции и граѓански организации.
Покрај дефинирањето на комуникациски алатки за комуникација со институциите и граѓанските организации, ДЗР ќе продолжи со активностите за информирање на медиумите, истражувачките новинари и општата јавност за работата на ДЗР, востановени во претходните две фази на проектот.
На потпишувањето на меморандумот, претходеше работилница посветена на дефинирање активности за зајакнување на комуникацијата и соработката помеѓу Државниот завод за ревизија и Собранието на РСМ, на која беа поканети и присуствуваа претставници од Комисијата за економски прашања, Парламентарниот институт и Парламентарната буџетска канцеларија.