Обука за графички дизајн за извештаи со инфографици

14.10.2020 - 10:10
Слика
Мотив од обуката

Државниот завод за ревизија продолжува со активности за успешно спроведување на своите заложби за зајакнување на капацитетите и вештините на ревизорите, а со цел подобра комуникација со јавноста и зголемување на досегот.

Вкупно девет ревизори од ДЗР се активно вклучени во „Обука за графички дизајн за изработка на извештаи кои содржат инфографици“. Обуката се реализира и спроведува од страна на професионален и лиценциран обучувач, г. Небојша Гелевски, во рамки на проектот што се реализира помеѓу Државниот завод за ревизија  и Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата.

Во следниот период, ревизорите од Државниот завод за ревизија ќе се обучуваат за работа во програмите „Adobe Illustrator и Adobe InDesign за изработка на графици/графикони, табели и други графички елементи. Целта на обуката е да се зајакнат вештините на ревизорите за подобра и појасна визуелизација на конечните ревизорски извештаи, со што ќе се овозможи полесно „читање“ и разбирање на извештаите на ДЗР од страна на медиумите и општата јавност.