![м-р Максим Ацевски со личен пример за солидарност](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2020-05/FOTO_Maksim_Acevski_donator_sredstva_klinika_2020_850X429_PHOTOSHOP.jpg?itok=0jg1n2a_)
Главниот државен ревизор г. Максим Ацевски, како и во текот на месец април, одлучи да донира дел од платата и за месец мај во износ од 14. 500,00 денари, како поддршка за полесно справување на здравствениот сектор со корона вирусот.
За таа цел, главниот државен ревизор и ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, на ден 27.05.2020 година склучија договор за донација како поддршка на дејноста и активностите на примателот на донацијата.
Притоа, главниот државен ревизор ја користи приликата да ја потсети јавноста за потребата од граѓанска солидарност, како и за неопходноста од будно следење на распределбата на јавните средства, особено во период на криза и на пандемија:
„Граѓаните, даночните обврзници и вработените во јавниот сектор имаат обврска да покажат солидарност за поддршка на активностите на здравствениот сектор во борба со корона вирусот COVID – 19.
Извршната власт има одговорност за обезбедување на транспарентност, отчетност и одговорност за начинот на користење на средствата, вклучувајќи ги и добиените донации без разлика дали се тие добиени во пари, работи, стоки или услуги.
Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција има законска обврска да ја провери и потврди веродостојноста на информациите и податоците за начинот на користење на овие средства“.