ДЗР и Геолошкиот завод потпишаа Меморандум за соработка

21.02.2020 - 12:00
Слика
Потпишан меморандум за соработка

Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка, се со цел зајакнување на соработката во вршењето на надлежностите од својот делокруг.

Потпишаниот Меморандум има за цел да овозможи взаемна размена на податоци, искуства и експертиза помеѓу двете институции за остварување на ефективност и ефикасност на мерките и активностите за спроведување на геолошките истражувања и одржливото искористување на минералните суровини.

Во Меморандумот меѓу другото, се предвидува заедничка размена и изработка на анализи, истражувања и други акти потребни за процесот на ревизија. Покрај тоа, соработката предвидува и организирање на заеднички средби и настани на претставници од двете институции за подобро информирање за прашања кои се од значење за ревизијата, како и за појаснување на содржините на ревизорските извештаи.