Државниот завод за ревизија, уште еднаш се вклучи во давање на хуманитарна помош покажувајќи ја својата солидарност и хуманост на дело.
Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски во свое име и од името на вработените, изразува длабоко сочувство, солидарност и тага за настраданите и изгубени животи, како и за нанесената материјална штета во Словенија, која беше погодена од големите поплави пред неколку дена.
Скромно, Државниот завод за ревизија издвои 100 илјади денари како поддршка за семејствата на настраданите граѓани на Словенија, уплатени на сметката на Црвениот Крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност Скопје, по претходно упатено Барање до Министерството за правда за потврдување на јавен интерес на донацијата на Државниот завод за ревизија.
Главниот државен ревизор, силно верувајќи дека хуманоста како дел од принципите и животна етика на Државниот завод за ревизија и нејзините вработени, ќе биде поттик и за другите институции, организации и граѓани, да го следат примерот на хуманост и солидарност.
Изреката на Алберт Швајцер нека ни биде водилка на сите нас “Првиот чекор во еволуцијата на етиката е чувството на солидарност со другите човечки суштества“
Барање за потврдување на јавен интерес за донација во Рерпублика Словенија
Договор со Црвен крст за донација во Република Словенија
Банковен извод од 11 август 2023 година за исплата на донација на Република Словенија
Решение за исплата на средства по одобрено барање за донација
Решение на Министерство за правда за одобрување на донација во Република Словенија
Спецификација за плаќање на Црвен крст на Република Северна Словенија