![Насловна МИА](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2023-06/1_Naslovna_MIA_850X483_photoshop_2023.jpg?itok=k1ckGG1p)
Денес, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, Главниот државен ревизор, М-р Максим Ацевски со своите соработници, генералниот секретар, М-р Александар Поповски и Помошникот на главниот државен ревизор за ревизија на ИТ системи, М-р Сашо Јаковчевски одржаа работен состанок со Министерот за информатичко општество и администрација Д-р Азир Алиу.
На работната средба беа разгледани исклучително значајни прашања од областа на реформата на јавната администрација и државната ревизија за кои е потребна зајакната меѓусебна соработка и дејствување на двете институции (МИОА и ДЗР) и тоа во:
- Забрзување на динамиката на меѓу-институционалното усогласување во поглед на Предлог-Законот за државна ревизија во насока на исполнување на препораките од Европската Комисија, со цел да се операционализира функционалната, организациската и финансиската независност на ДЗР во системот на институции од јавниот сектор и
- Вклучување на ДЗР со свои претставници во работата на работните групи кои ќе работат на изготвување на правната/законска рамка за платите во јавниот сектор и во изготвување на правната/законска рамка за креирање на Дигитална агенција согласно Националната ИКТ Стратегија имајќи го предвид знаењето, искуството и воочените слабости од системска и институционална природа од страна на ДЗР утврдени со ревизиите извршени во областа на јавната администрација и информатичките системи.
Главниот државен ревизор, заблагодарувајќи се на пристапот и подготвеноста на Министерството за информатичко општество да ја забрза значително динамиката во одвивање на реформските процеси во јавниот сектор и јавна администрација со посебен акцент на воспоставување на државната ревизија на начин како што е тоа утврдено во препораката на ЕК, а која континуирано е вклучено во Извештаите на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија во европските интеграции секоја година, истакна дека ДЗР ќе продолжи да ги става на располагање сите свои кадровски и институционални ресурси во поддршка на имплементација на препораките по утврдените неправилности во конечните ревизорски извештаи што е и основна мисија на ДЗР како Врховна ревизорска институција на Република Северна Македонија.
Оваа активност беше поздравена од страна на Министерот, Д-р Азир Алиу кој истакна дека државната ревизија треба во континуитет да продолжи да биде третирана како додадена вредност во реформските активности кои ги презема државата во областа на јавната администрација