![Учество на билатералниот скрининг во Брисел](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2022-12/1_naslovna%20%281%29.jpg?itok=S7aspBW7)
Делегација од Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, заедно со претставници од ДЗР кои се членови на работната група за финансиска контрола, учествуваа на билатералниот скрининг за поглавјето за реформа на јавната администрација и поглавјето 32 финансиската контрола.
Државниот завод за ревизија во својата презентација се осврна на постигнатите резултати од работењето, усогласеноста на работењето со ISSAI стандарди, најдобрите практики и краткорочни и долгорочни планови, како што се уредувањето на Државниот завод за ревизија како уставна категорија и донесувањето на новиот Закон за државната ревизија.
Билатералниот скрининг е првиот чекор во процесот на пристапните преговори со ЕУ. Процесот им овозможува на земјите-кандидати да се запознаат со законите и стандардите на ЕУ и со обврските што произлегуваат од нив, како и со нивото на подготвеноста на земјите и нивните планови за натамошно усогласување.
Државниот завод за ревизија е една од водечките институции во земјата, чувар на јавните средства на граѓаните и активен учесник во повеќе поглавја во билатералниот скрининг.