Работна средба со Вицепремиерот за европски прашања

13.09.2022 - 14:30
Слика
Работна средба со Вицепремиерот за европски прашања

Во насока на мобилизирање на инволвираните институции и нивната улога во објаснувачкиот скрининг од преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, денес во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари средба со Заменик претседателот на Владата за европски прашања, г. Бојан Маричиќ.

Главниот државен ревизор ја потенцираше подготвеноста на Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција која со својата експертиза, знаење и професионалност ќе даде значаен и активен придонес преку свои претставници во објаснувачкиот скрининг, особено во поглавјата 5 – Јавни набавки и 3.32 - Финансиска контрола.

На средбата, Вицепремиерот за европски прашања ја истакна потребата од максимална посветеност и ангажираност на сите чинители во овој процес, со цел искористување на дадената шанса на патот кон полноправно членство во ЕУ.