
Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во државата, препознатлива по принципите на транспарентно, отчетно и објективно информирање на јавноста и сите засегнати страни, чувствува обврска да даде појаснување во однос на дадената изјава од претставник на Државната комисија за спречување на корупцијата за дневникот на МРТ 1 на 05.09.2022 година.
Изнесениот податок, дека цели 13 години Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ е податок кој е неточен и тенденциозен.
Државниот завод за ревизија согласно законските надлежности, човечките и материјалните ресурси со кои располага за вршење на ревизија, секоја година на транспарентен начин ја носи Годишната програма за работа на ДЗР, без пристрасност и ослободена од влијание од законодавната и извршната власти и истата јавно ја објавува на својата веб страница.
Во зависност од видот на ревизијата, на објективен и вистинит начин, Државниот завод за ревизија дава мислење за различни сегменти и области од работата на Владата на РСМ.
Во тој контекст сакаме да ја информираме јавноста за извршените ревизии во кои е опфатена Владата на РСМ и тоа:
- Служба за општи и заеднички работи на Влада на РМ (СОЗР) – со издадени конечни ревизорски извештаи заведени под број 08-134/9, бр. 08-134/10 и бр. 08-134/11 од 04.11.2010 година;
7_SOZR_Vlada_Budzetska_smetka_631.pdf (dzr.mk)
- ИТ ревизија на Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР) – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 25-208/6 од 07.03.2011 година;
- Секретаријат за европски прашања – Влада на РМ – со издадени конечни ревизорски извештаи заведени под број 09-90/5, бр. 09-90/6, бр. 09-90/7, бр. 09-90/8 и бр. 09-90/9 од 24.02.2012 година;
Секретаријат за европски прашања | Државен Завод за Ревизија (dzr.mk)
- Тематска ревизија на Влада на РМ - интерни контроли – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 10-110/6 од 15.08.2012 година;
- Ефикасност на извршените услуги на Службата за општи и заеднички работи преку искористување на возниот парк - со издадени конечни ревизорски извештаи заведени под број 10-314/5 од 29.03.2013 година;
- Влада на Република Македонија – Секретаријат за законодавство – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 09-217/2 од 23.02.2015 година;
- Основен буџет на РМ – Влада на Република Македонија – Секретаријат за европски прашања – со издадени конечни ревизорски извештаи заведени под број 09-73/9, бр. 09-73/10 и бр. 09-73/11 од 01.08.2016 година;
- Ефикасност на искористување на возниот парк на Служба за општи и заеднички работи на Влада на Република Македонија – бр. 10-356/1 од 25.02.2020 година;
Конечен извештај_Follow up revizija_РУ (dzr.mk)
- Попис на средствата, побарувањата и обврските на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ - со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 13-199/4 од 23.12.2021 година;
Конечен извештај Попис на СОЗР од 08.11. (dzr.mk)
- Ревизија на усогласеност на тема “Добивање на нефинансиска помош, распределба и користење од страна на институциите во јавниот сектор со цел превенција и заштита од пандемијата предизвикана од корона вирусот COVID 19“ - со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 17-544/34 од 01.06.2021 година; https://dzr.mk/mk/210713-revizija-na-usoglasenost-2020-dobivane-na-nefinansiska-pomosh-raspredelba-i-koristene-od
- Ревизија на усогласеност на тема „Доделување на договори за јавни набавки од страна на институциите во јавниот сектор со цел заштита и превенција од пандемијата предизвикана од корона вирусот – COVID 19” - со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 16-560/29 од 07.06.2021 година; https://dzr.mk/mk/210713-revizija-na-usoglasenost-2020-dodeluvane-na-dogovori-za-javni-nabavki-od-strana-na
- Ревизија на успешност „Економски мерки на Владата на РСМ за справување со кризата од Ковид-19“ – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 11-654/8 од 18.04.2022 година;
- Ревизија на успешност „Преземени мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од здравствено- економската криза предизвикана од Ковид-19“ – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 22-910/10 од 30.05.2022 година;
- Ревизија на успешност „Ефикасност на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам“ – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 29-51/9 од 31.05.2022 година. https://dzr.mk/mk/220812-revizija-na-uspeshnost-2021-efikasnost-na-prezemenite-merki-i-politiki-za-namaluvane-na
- Ревизија на успешност „Ефективност на мерките на Владата на РСМ за родова еднаквост и соодветни полови буџетски иницијативи“ – со издаден конечен ревизорски извештај заведен под број 14-888/17 од 08.06.2022 година. https://dzr.mk/mk/220711-revizija-na-uspeshnost-2021-efektivnost-na-merkite-na-vladata-za-rodova-ednakvost-i
Исто така информираме дека, согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2022 година, Владата на РСМ е планирана и ќе биде предмет на ревизија на регуларност за финансиските извештаи за 2021 година.
https://dzr.mk/sites/default/files/2021-12/Godisna_programa_za_rabota_DZR_2022_godina.pdf
На крајот потенцираме дека, Државниот завод за ревизија, применувајќи ги меѓународните ревизорски стандарди во своето работење, континуирано обезбедува квалитетно работење со што го задржува епитетот на независен и професионален партнер со висок интегритет кој истовремено е носител на напредокот во управувањето со јавните средства, отчетноста и транспарентноста во истите.