![Интензивирање на соработката помеѓу ДЗР и ЈО](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2022-07/%D0%BD%D0%B0%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BD%D0%B0_DSC_0575.jpg?itok=mqeACiqs)
На одржаната работилница на тема „Зајакнување на соработката и комуникацијата помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, претставници од двете институции дискутираа и разменуваа мислења за тоа како да се зајакне комуникацијата и продлабочи соработката помеѓу ДЗР и Јавното обвинителство.
Во своите воведни обраќања, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија г. Љубомир Јовески, Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје г-ѓа Вилма Русковска и Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје г. Гаврил Бубевски ја потенцираа потребата за воспоставување на ефикасна соработка и комуникација помеѓу двете институции, особено во постапувањето по конечните ревизорски извештаи доставени до Јавното обвинителство на натамошно постапување.
На крајот од дводневната работилница, беа дефинирани заклучоци и тоа во контекст на заеднички заложби за зачестена комуникација, координација и консултација на овластените државни ревизори кои го работеле извештајот со основниот јавен обвинител надлежен да постапува по конкретниот извештајот во кој е констатирана можна злоупотреба и против законско постапување. Истовремено, беше договорено да се зајакне комуникацијата помеѓу ДЗР и ОЈО преку лицата за контакт кои се определени во двете институции.
Работилницата се организираше во рамки на проектните активности на ДЗР со Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата (WFD) и претставува една од заедничките активности дефинирани во Меморандумот за разбирање кој неодамна го потпишаа Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.