Билатерална средба со Главниот ревизор на ВРИ на Албанија

29.06.2022 - 15:00
Слика
Билатерална средба со Главниот ревизор на ВРИ на Албанија

Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, оствари работна средба со Главниот ревизор на Врховната ревизорска институција на Република Албанија, д-р Арбен Шеху.

Целта на посетата беше интензивирање и зајакнување на билатералната соработка и подготвеноста и желбата за размена на искуства и конкретни активности од заеднички интерес за двете институции во областа на надворешната ревизија на јавниот сектор и управувањето со јавните средства.

Посебен осврт во текот на средбата се даде на транспарентноста на работата на двете институции, начинот на споделување на информациите во јавноста, а воедно споделувајќи искуства за начинот и соочувањето со предизвиците при вршење на ревизии од области од заеднички интерес и тоа справувањето со: кризни состојби, пожари, поплави, пандемии, ревизија на јавниот долг и ревизија на единиците на локалната самоуправа и на политичките партии.

Дополнително, соговорниците се согласија соработката во различни области на ревизијата дополнително да се зајакне во наредниот период со цел размена на знаења и искуства од областа на државната ревизија и зголемување на знаењата и вештините на вработените.