Државниот завод за ревизија континуирано вложува во зајакнување на вештините и знаењата на државните ревизори, преку што се обезбедува дополнителен квалитет во работењето и задржување на професионалниот интегритет како институција која е носител на напредокот во управувањето со јавните средства.
Во периодот од 31 мај – 3 јуни, вработените од ДЗР земаа активно учество на обука на тема „Ревизија на финансиски извештаи на пресметковна основа“, организирана и финансиски поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Предавачи на обуката се професорот Атанаско Атанасовски од Економскиот факултет - катедра за сметководство и ревизија и експертот од Република Словачка, Луциа Кашиарова од Министерството за финансии.
Во текот на работните сесии беа опфатени повеќе области и тоа:
- Дефиниција и вреднување на залихи и мерење на трошоци;
- Извештај за парични текови, директен и индиректен метод;
- Сметководствени политики , промени во сметководствените проценки и грешки;
- Амортизација на материјалните и нематеријалните средствата , и
- Резервирања, потенцијални обврски и непредвидени средства.
Зајакнувањето на капацитетите на Државниот завод за ревизија во вршењето на ревизија на финансиски извештаи на пресметковна основа е во насока на успешно спроведување на препораките содржани во Програмата за реформа на управување со јавните финансии.