
Во просториите на Министерството за финансии, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари средба со Министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, чија цел беше дискутирање и предавање на понатамошно постапување на нацрт Законот за државна ревизија.
Новиот закон, кој се очекува да влезе во процедура на разгледување и усвојување од страна на Владата и Собранието, е изработен заедно со Државниот завод за ревизија на Република Хрватска и Националната канцеларија за ревизија на Република Бугарија како партнери во рамките на Твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарните надзор“ МК 18 IPA F1 03 20 финансиран од Европската Унија.
Новиот закон предвидува зајакнување на финансиската и оперативна независност на Државниот завод за ревизија, постапување по препораките од страна на субјектите предмет на ревизија и создава можности за разгледување на конечните ревизорски извештаи од страна на Собранието.
Ова се значајни подобрувања во законодавството на државната ревизија согласно барањата од Европската унија и Меѓународните стандарди за државна ревизија на врховните ревизорски институции (ISSAI).
Линк од објава
https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceMK