![Зајакнување на соработката](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2022-03/33_Naslovna_850X398_PHOTOSHOP.jpg?itok=PQJ8grCL)
Со цел да го зајакнат и продлабочат начинот на меѓусебната соработка и комуникација заради обезбедување на навремено, целисходно и ефикасно постапување по утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи челните луѓе на Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потпишаа меморандум.
Чинот на потпишување се случи во просториите на ДЗР каде Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Јавниот обвинител Љубомир Јовески го ставија својот потпис на документот за зајакнување на институционалната комуникација меѓу ДЗР и Јавното обвинителство.
Со потпишување на меморандумот двете институции се обврзуваат да дејствуваат заеднички во насока на обезбедување на навремена, непосредна и отворена комуникација со која ќе се обезбедат суштествени информации поврзани со утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи, даденото ревизорско мислење и дадените препораки содржани во ревизорските извештаи.
Потписниците на меморандумот се обврзуваат целокупната меѓу-институционална комуникација да ја остваруваат согласно законските надлежности и врз основа на принципите на доверливост и взаемна почит.
Линк до меморандумот:
https://dzr.mk/sites/default/files/2022-02/Memorandum_DZR_OJO_March_2022.pdf