![Меѓународен ден за борба против корупцијата](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2021-12/1_naslovna_KORUPCIJA-780x470.jpg?itok=-vQdzlUw)
По повод 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, учествуваа на настани на покани на Кабинетот на Вицепремиерот за борба против корупција и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски во контекст на овој ден истакна дека Државниот завод за ревизија како врховна ревизорска институција повеќе од 20 години успешно ја остварува својата мисија согласно основните принципи за независност, транспарентност, етика квалитет и отчетност.
Државниот завод за ревизија обезбедува поддршка на Собранието на РСМ во исполнување на неговите надлежности преку идентификација и презентација на неправилностите, случаите на против законско работење и можни случаи на корупција и злоупотреби на функцијата.
Линк од видео:
https://www.youtube.com/watch?v=i7C6kgHk4zU
На настанот организиран од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата, Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми истакна дека Државниот завод за ревизија за прв пат изработи Прашалник за интегритет кој го достави до 174 институции од јавниот сектор и ги опфати најзначајните корисници на средства од Буџетот на РСМ и единиците на локалната самоуправа.
Прашалникот е составен од 102 прашања поделени во 12 области кои ги опфаќаат поодделните ризици со кои се соочуваат институциите при справување со корупцијата како и оценка на воспоставениот контролен систем со цел соодветно управување со постојните ризици во функција на ефикасно остварување на целите на институциите од јавниот сектор.