Реформите во фискалната децентрализација предизвик за ревизорите

26.11.2021 - 09:00
Слика
Реформите во фискалната децентрализација предизвик за државните ревизори

Во периодот од 16-20 ноември, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари студиска посета во Република Словачка, на која учествуваа и претставници од Министерството за финансии и Министерството за локална самоуправа.

Студиската посета беше фокусирана на фискалната децентрализација, при што беа опфатени и прашања за вршењето на контрола и ревизија на единиците на локалната самоуправа. Посетата се спроведе како дел од проектот кој Министерството за финансии на Република Словачка го спроведува со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Претставниците од двете држави имаа можност да ги разменат своите искуства во однос на надлежностите и постапувањето во областа на локалните финансии, осврнувајќи се и на законските прописи кои ги регулираат изворните и пренесените надлежности на единиците на локалната самоуправа, локалните даноци и такси, буџетирање на приходите, управување со имотот и вршењето на ревизија на финансиските извештаи на општините.

„Улогата на врховните ревизорски институции во локалната самоуправа не е само да ги истакнуваат ризиците поврзани со активностите на единиците на локалната самоуправата, туку и да понудат решенија за нивно спречување“  - е заедничкиот заклучок на Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и потпретседателот на Врховната канцеларија за ревизија  Љубомир Андреси.