Државниот завод за ревизија во духот на подигнување на свеста за детските права, а по повод 20 ти ноември – Светскиот ден на детето, организираше едукативна прошетка и дружење во врховната ревизорска институција за децата на вработените.
Децата беа запознаени со дејноста и работата на ДЗР, условите во кои се врши ревизијата и институцијата во која работат нивните родители. Свое обраќање имаа Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и заменик Главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, кои преку своите лични примери им упатија пораки и ги поттикнаа дечињата како да бидат добри, умни и успешни, за да можат во иднина да претставуваат гордост на своите родители и на нашата земја.
Децата беа пресреќни, задоволни од дружењето, едукативните презентации и игри, воедно покажувајќи голем интерес за стекнување на знаења поврзани со ревизијата и ревизорската работа.
Генералното собрание на Обединетите Нации на 20 Ноември 1959 година ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, која Република Македонија ја ратификуваше во 1993 година.
Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.
Линк до видео на Фејсбук страница: