![Заедничка фотографија од студиската посета](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2021-10/naslovna_viber_image_2021-10-21_08-56-57-318.jpg?itok=4jnMoRj7)
Во рамки на проектните активности на Компонента 4 од ЕУ-ИПА твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“, делегација од Државниот завод за ревизија предводена од Заменик главен државен ревизор м-р Орхан Адеми, престојуваше во студиска посета на Националната канцеларија за ревизија на Република Естонија, во периодот од 12-15 Октомври 2021 година.
Претседателот на Националната канцеларија за ревизија на Естонија, Јанар Холм, им посака добредојде на претставниците од ДЗР и успешна работа во размената на искуства со колегите од Естонија.
Во рамките на студиската посета, претставниците на ДЗР се стекнаа со компаративно знаење и искуство на земја членка на ЕУ во врска со методологијата и процедурите на внатрешна и надворешна комуникација, политиките за проток на документи, интерните документи за спроведувањето на задачи и нивно следење, системот за безбедност на информации, методологијата за вршење на пилот ИТ ревизии, комуникација со јавноста и изготвување на годишен извештај на врховната ревизорска институција.
Претставниците на ДЗР го посетија e-Estonia Showroom, каде беа детално запознаени со улогата на RIA (владиниот орган за информатички систем), X-Road (електронскиот интероперабилен систем) на Естонија и неговото функционирање преку практични примери, како и со најважните централни компоненти на е-влада и естонските државни стандарди за безбедност на информации.