![Годишен извештај за работата на ДЗР за 2020 година](/sites/default/files/styles/a_slider_850/public/2021-06/naslovna_slika.jpg?itok=FYX9iXRU)
Во 2020 година ДЗР изврши вкупно 58 ревизии со кои беа опфатени 481 субјекти предмет на ревизија. Како резултат на извршените ревизии се издадени вкупно 82 конечни ревизорски извештаи, и тоа: 65 извештаи за ревизија на регуларност, 7 извештаи за извршена ревизија на усогласеност, 7 извештаи од извршена ревизија на успешност, 1 извештај за извршена ИТ ревизија и 2 извештаи од follow up ревизија.
Годишниот извештај за 2020 година содржи 1014 утврдени наоди и вкупно 604 препораки. Во текот на ревизиите беа констатирани слабости во работењето на субјектите кои биле предмет на ревизија како и во законската регулатива за кои ДЗР има дадено мислење и препораки за подобрување на состојбите.
Со реализираните ревизии во 2020 година опфатени се вкупно 347 295 (во милиони денари) јавни приходи и 184 432 (во милиони денари) јавни расходи. Во 2020 година значително се подобрени и показателите за спроведувањето на ревизорските препораки, што укажува дека придонесот на ДЗР во насока на зајакнување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста при трошењето на јавните средства станува се позначаен.
Целосната содржина на Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2020 година (македонска/албанска/англиска верзија) можете да ги преземете од следните линкови: