
Поттикнати од целокупната ситуација со пандемијата во нашата држава, вработените во ДЗР во континуитет организираат и се приклучуваат кон различни хуманитарни акции. За таа цел, пред извесно време беа собрани парични средства од страна на вработените во ДЗР, кои претставуваат скромен придонес за големата посветеност и ангажираност на медицинските работници од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје.
На предлог и иницијатива на наша колешка, а во соработка со ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина, во просториите на ДЗР беше спроведена крводарителска акција. Во услови на пандемија, хуманоста е една од човечките особини која треба да биде двигател и поттик за секој граѓанин.
Вработените од Државниот завод за ревизија се надеваат дека со овој хуман гест ќе дадат поттик и за другите институции и организации, да го следат примерот на хуманост со што ќе помогнат да биде спасен нечиј живот.
Линк од настанот: