Слика

Државниот завод за ревизија упатува благодарност до Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје за успешно реализираната храбра и пожртвувана акција во просториите на ДЗР.
Тим од професионални пожарникари ја санира оштетената конструкција на кровот на зградата, а која претставуваше опасност по безбедноста на вработените, но и за граѓаните кои се движат во непосредна близина на зградата во која е сместен Државниот завод за ревизија.
Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје уште еднаш на дело ја покажа својата пожртвуваност и посветеност вршејќи ја максимално професионално својата благородна професија.